Петар Печков
Објавено: вторник, 19 мај 2020
Четири нови случаи на позитивни на ковид-19 се регистрирани изминатото деноноќие во Велес, информираа од Министерството за здравство. Со ова бројката на активни случаи во велешко е 53 лица.
Двете од четирите ново регистрирани лица биле хоспитализирани поради симптоми и тие припаѓаат на кластер од голема фабрика од Скопје. Другите две лица немаат конкретен кластер и се водат како динамични - изјавија од Центарот за јавно здравје Велес.
Министерството за здравство води како оздравенo води едно лице од Велес, кое на два последователни теста покажало негативни резултати од земениот брис.
На Инфективното одделение при велешка Болница хоспитализирани се 23 лица, од нив 22 се позитивни а за еден се чекаат резултати, но е примен поради сиптоми на ковид-19.
Од СВР Велес информираа дека вчера има нови 29 лица со решение за изолација и вкупната бројка велешани е 140, додека пет нови лица од Велес се во самоизолација или вкупно 20.
Tweet |