речник контакт

Нови четири случаи на ковид-19 во Велес, оздравени нема

Во велешко има 63 активни случаи со корона вирус. На Инфективно одделение има 35 пациенти, двајца како итни случаи префрлени во Скопје

Петар Печков

Четири лица се ново заразени со ковид-19 во Велес, нема оздравени. ова е денешната состојба која ја соопшти Министерството зa здравство. Така во велешко има  63 активни случаи, број кој скокна за неколку дена.

Од новите случаи  три се жени, една од нив се заразила од член на семејството. Останатите тројца не можат да прецизираат од кого се заразиле. Оздравени денес нема - соопштија од центарот за јавно здравје Велес.

Во велешко досега има регистрирано 385 случаи со ковид-19, 306 оздравеле а 16 лица починале. На Инфективно одделение има 35 пациенти, 32 се потврдено позитивни а три лица се сомнителни случаи на ковид-19.

На Инфективно одделение  16 пациенти се од Велес, 11 од Свети Николе, Кавадарци и Неготино по три, Демир капија и Градско по еден, 10 пациенти се на кислородна поддршка.

Двајца пациенти, еден маж и дена жена од Свети Николе, поради влошетна состојба денес се префрлени на Инфективна клиника во Скопје - информираше д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »