Петар Печков
Објавено: недела, 10 април 2022
Ново регистрирани случаи со кoвид-19 во велешко се четири а оздравени изминатите 24 часа се нема. Со ова бројките на активни случаи падна на 21.
Министерството за здравство соопшти дека почината во велешко има .една жена која се лекувала на Клинички центар а претходниот ден била префрлена од велешка Болница. Имала 58 години. Таа е 318 жртва на ковид последиците.
Денес, недела во двете ковид одделенија од велешка Болница, згрижени се 11 пациенти, двајца помалку од вчера. Hа Инфективно хоспитализирани се седуммина а на Интерно се четворица пациенти. Нема ново примен и испишан и пациенти
„Тројца пациенти се потврдено позитивни, непотврден е едно лице а негативни се седуммина но со потреба од болнички третман. На кислородна поддршка се четворица пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.
Tweet |