речник контакт

Нови штедливи светилки, за стариот дел од градот

Локалната власт на општина Велес продолжи со промена на осветлувањето во градот со нови 600 економични натриумови светилки.

Петар Печков

Локалната власт на општина Велес продолжи со промена на осветлувањето во градот со нови 600 економични натриумови светилки. Тие се инсталираат на прометните улици во старото градско јадро кон спомен куќите на Главинов, Џионот и Касапови, кон двете црвки Св.Пантелејмон и Св.Спас и манастирот Св.Димитриј и кон приодите на училиштата во градот. Со ова продолжува замената на старите живини светилки, со нови економични, кои трошат помалку струја, лесно се одржуваат, херметички се затворени и заштитени од надворешни влијанија.

- Досега во Велес, во изминатите две години се заменети 700 светилки на главните градски сообраќајници. Колку е оваа инвестиција вредна покажува што досега за овој период не заменивме ниту едно нова поставена светилка, наспроти старите кои ги менувавме секој месец – изјави Александар Костовски, задолжен за уличното осветлувае во општината.  

Новите светилки нудат осветлување од 150 вати, но даваат поголема светлост наспроти старите кои светеа со 400 и 250 ватни. На овој начин градот месечно штедеше 3,6 илајди вати или за една година заштеди 160 илјади денари, или инвестицијата за купување на новите економични светилки веќе за овие две години е вратена.

Старите живини светилки веќе се забранети за употреба во земјите на ЕУ поради штетноста кон животната средина а велешани фаќаат чекор на Европа и ги менуваат овие светлечки тела. Наспроти штедливоста со поставувањето на економичните светилки, општината ги пресметува и штетите од кражбата на светилки од новогодишните елки, кои деновиве беа собрани. Велешани од 4-те елки украле 1.300 светилки и ѕвезди, вредни 2 илајди евра иако истите не можат да се употребат дома поради специфичната инсталација.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »