Петар Печков
Објавено: четврток, 16 јуни 2022
Оваа година локалната власт на Општина Велес имплементираше софтвер кој овозможува онлајн плаќање на данок на имот и пријавување на данок на имот за даночните обврзници на Општина Велес.
Секој даночен обврзник потребно е да креира нов профил на следниот линк: https://edanoci.veles.gov.mk/
„Плаќањето данок на имот е должност на секој граѓанин-д аночен обврзник, но во исто време и придонес на поединецот за градење на подобра иднина на општината. Доколку поседувате имот во одредена општина, тогаш автоматски сте даночни обврзници со законско право на даночно решение за вашиот имот, но и законска обврска и лична должност за навремено подмирување на данокот. Секој граѓанин-даночен обврзник треба да знае дека со навремено подмируваме на данокот на имот, го полни директно општинскиот буџет, преку кој се реализираат сите планирани јавни и инфраструктурни проекти. Со ова, едноставно кажано, секој од нас лично придонесува за развојот на општината, која во иднина ќе ја красат: нови градинки, нови игралишта, нови улици, нови училишта, ново осветлување, нови паркови, еколошки проекти, нови проекти за економски развој“ - порачаа од локалната власт.
Општина Велес како партнер-општина на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите се приклучува кон кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“
Tweet |