речник контакт

Новина, епидемиолозите од Центарот за Јавно здравје Велес работат анкети со ново заразени со ковид-19, од сите градови, не само од Велес

Целта е товарот на епидемиолошките анкети да падне подеднакво кон сите епидемиолози од Центрите за јавно здравје

Петар Печков

Институтот за јавно здравје го промени начинот на работа на општинските центри, во однос на епидемиолошката анкета на лицата позитивни на ковид-19. Таа се применува десетина дена и со новата препорака, Центрите  од градовите немаат обврска како досега, да ги анкетираат   заразените од град на територијата каде работи.

Центарот за јавно здравје од Велес повеќе не прави анкети на позитивните со ковид-19 од својот град туку епидемиолозите или лицата кои анкетираат, преку „мој термин“ од Министерство за здравство  им се доставува листа  на позитивни лица од територијата на цела држава, не од градот каде Центарот работи.  Тоа во пракса значи дека нашите епидемиолози работат со  лица од Скопје, Тетово,Струмица. Затоа немаме увид колку лица од територијата на велешко дневно се заразени и не ги доставуваме тие податоци до медиумите  од градот- изјави д-р Весна Николовска Неделкова в.д.  директор на Центарот за јавно здравје Велес.

Неофицијалната информација која кружи во здравствените кругови дека причината за оваа новина е товарот на епидемиолошките анкети да падне подеднакво кон сите епидемиолози од Центрите за јавно здравје.

Оти имаше Центри кои имаа многу ново заразени  пациенти и обврска да ги анкетираат за разлика од други каде имало помалку. Затоа со оваа новина, преку „мој термин“, сите тие добиваат подеднакво број на лица кои треба да се анкетираат.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »