Петар Печков
Објавено: среда, 08 јануари 2014
Oд неодамна, надлежност над спроведување на „Законот за заштита од пушењето„ има и МВР. Притоа, предвидена е санкција за физичките лица, одговорните лица во правните лица, како и правните лица,инфомрирааа од СВР Велес.
Во законот децидно стои дека пушењето е забрането во сите јавни простории, односно, угостителски, деловни, здравствени, социјални објекти, потоа, затворени и отворени објекти каде се одржуваат спортски натпревари, културни и забавни манифестации,собири и други јавни приредби, простор надвор од деловниот објект наменет за давање угостителски услуги кој содржи дополнителна опрема како фолии, прегради, стакло и друго со кој просторот се затвора од сите страни, заеднички простории на станбени згради (лифтови, светларници) и други места предвидени со законот.
Пушење е дозволено надвор од деловниот објект, тераса, летна бавча во два случаја: доколку просторот е покриен, најмалку од 3 страни треба да нема никакви прегради стакло, фолии, пластифицирани или најлонски прегради или во случај на отворен простор кој странично е затворен од сите четири страни но не е покриен со покрив, тенда, чадор или слично. Надзор според законот има државен пазарен инспекторат,санитарен и здравствен инспекторат, трудовата инспекција,УЈП и МВР – велат од велешката полиција .
За тие што ќе бидат фатени како пушат на места кои не се предвидени, Законот дава изрекување глоба во висина од 100 евра со врачување покана и воедно на лицето пушач му се понудува постапка за порамнување, односно, има можност во рок од 8 дена да ја плати глобата или да донесе потврда за извршена општокорисна работа во ЈКП Дервен , во спротивно ќе се процесуира барање за поведеување прекршочна постапка.
Tweet |