Петар Печков
Објавено: среда, 15 април 2009
Новиот градоначалник на Велес, Горан Петров ја презеде функцијата на свеченоста која се одржа во салата на општината. По истиот повод беа врачени и уверенијaта за новите 23 советници. Петров при обраќањето од новата функција изрази благодарност кон граѓаните.
- Сакам да се заблагодарам на граѓаните на Велес за искажаната доверба кон мене, ветувањата остануваат а партисктие интереси се ставаат настрана и очекувам со советниците да работиме заедно на уште подобар Велес. Благодарам и на претходникот, Аце Коцевски кој заедно со Советот и вработените создадоа општина со добри капацитети - изјави Петров. Тој најави дека локалната власт ќе ги продолжи проектите што општината ги работела досега, но поконкретните први чекори, согласно со програмата со која победи ги најави за десетина дена. И Петров и Коцевски се дипломирани градежни инжинери. Освен нив градоначалник на Велес беше и правникот Ордан Николовски. Довчерашниот градоначалник Аце Коцевски за заминување порача дека Велес е поважен од се.
- На новиот градоначалник Горан Петров му посакувам успешна работа а се гордеам со тоа што го сработив изминатите девет години. Доколку е потребна било какава помош, тука сум – изјави Коцевски. Тој обелодени дека ја остава општината со 6,8 милион денари позитива и 51 вработен, ЈКП Дервен со 256 вработени и позитива од 11,4 милиони денари позитива и МЕАП кредит со актива од 16,6 милиони денари, додека ЈП Парк спорт има 6 вработени и актива од 1,1 милион денари.
На свеченоста беа врачени и уверенијата на 23-цата советници. Тоа се: Славчо Чадиев, Панче Иванов, Александар Колев, Весна Стојановска Богоевска, Марија Мијајлеска, Томе Јаневски, Зоран Ѓоргиев, Љубе Лучков, Орданче Тутунџиев, Елизабета Чуповска, Валентина Делиманчева Андреева, Данчо Стојановски, Петре Саздов, Бејхан Мемедов, Мимоза Јовиќ, Катерина Ѓоргиева, Дејан Гавазов, Сашо Димов, Златко Попчевски, Горан Здравковски, Асен Прличков, Нафет Исмаили и Драган Димевски.
Во продолжение се одржа и првата конститутивна седница на Советот на општина Велес, на коај за претседател беше избран Славчо Чадиев од ВМРО-ДПМНЕ. Тој освен 11-те гласовите од неговата коалиција го доби и гласот на советникот Нафет Исмаили од Нова Демократија на Имер Селмани.

Tweet |