речник контакт

Новиот електричен воз патува за Гевгелија

До Гевгелија сообраќаат два пара електрични возови и патниците добија целосно комфорно патување

Петар Печков

Популарниот ,,Кинез,, ново набавениот патнички електричен воз сообраќа до Гевгелија. Од неодамна тој секојдневно е на линијата Скопје – Гевгелија и обратно.  

Овој воз е еден од  шесте набавени од страна на Македонски железници од Кина.   За Гевгелија сообраќа во 7,22 ч и се враќа назад во  16.55ч.  

МЖ до Гевгелија ги пушти и претходниот електричен воз, кој сообраќаше до Куманово, но откако се  случија каменувања одлучи да сообраќа до југот на земјава, за да се избегнат негови оштетувања.  

Тој сообраќа  кон Гевгелија  о 17,46 а до Гевгелија наутро во  4,43ч. Така патниците до Гевгелија, но и до Неготино и Демир Капија и останатите попатни станици   добија целосно нов комфорен патнички воз. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »