Петар Печков
Објавено: среда, 29 јули 2020
Уставниот суд не повел постапка за оценување на законитоста на Заклучокот донесен од Советот на Општина Велес, со кој се задолжува локалната власт за контрола на загадувањето на амбиентниот воздух од страна на индустриските капацитети во Општина Велес,, соопшти екологистот Ненад Коциќ новиот пратеник, до неодамна претседавач на Советот на Општината.
Овој орган донел одлука со која ја задолжува Општина Велес да постави мерни станици на инсталациите, производители, во велешко кои имаат „Б“ интегрирана дозвола, со цел мерење на квалитетот на воздухот. На оваа одлука Општина Велес се жалела а подоцна тврдеше дека Уставен суд се прогласил за ненадлежен, што Коциќ на прес конференција го демантираше.
Беше кажано дека Уставен суд се прогласил за ненадлежен и дека сме ширеле невистини. Во добиеното Решение од Уставен суд, тој не се прогласува за ненадлежен туку не повел постапка за оваа одлука, за која имаше жалба поднесена од Општина Велес. На десетина страни се образложува за да потоа се потенцира дека „оспорениот заклучок е донесен согласно законската регулатива“. По ова очекувам дека Општина Велес ќе ја спроведе одлуката на Советот. Фирмите инсталации со „Б“ еко дозвола да им се укаже да постават мерни инструменти за мерење на вкалитето ан воздухто. Ако тие не постават, тогаш Општина Велес е должна да постави мерни инструменти, набавени на тендер со европски квалитет и сертификат – изјави на прес конференција Коциќ.
Подолго време, помеѓу локалната власт – Општина Велес и Советот се водеше „тивка војна на зборови“ за дали е законска одлуката на Советот, која беше донесена едногласно од сите советници, Општината да набави и постави мерни станици за мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух во градот, на пет локации во градот. Целта на одлуката била транспарентно да се следи состојбата со можни загадување на воздухот од индустријата, домаќинствата и сообраќајот во Велес.
Tweet |