Петар Печков
Објавено: среда, 15 февруари 2012
Итната медицинска помош од Велес доби ново амбулантно возило. Тоа е набавено од сопствени средства на ЈЗУ Здравствен дом и со него ќе се поднови стариот возен парк. Новото санитетско возило може да одговори на потребите на пациентите од градот и поширокиот регион, бидејќи одговара за тесните велешки улички и до 50 км оддалечените села од регионот на Азот.
Ова возило е купено за потребите на итната медицинска помош и домашното лекување. Тоа овозможува побрзо и безбедно стигнување до пациентот и негов транспорт до соодветната здравствена установа. Амбулантното возило ќе овозможи да се стигне до секој дом во градот, бидејќи во неговите високи делови има тесни сокаци - вели директорката д-р Тања Самаракова.
Возилото марка ,,Дачија,, чини еден милион денари и е купено со пари од буџетот на ЈЗУ Медицински центар. Тоа е снабдено со неопходната и потребни медицински апарати за итните случаи, и ќе помогне во давањето помош на граѓаните од општините Велес, Чашка и Градско. Повеќето од 12-те возила во оваа здравствена институција се постари од 2001-та година. Итната помош во велешкиот здравствен дом има проблем и со малиот број на доктори.
Tweet |