речник контакт

Ново време, модерно земјоделие

Во Велешко лани со помош на субвенционирањето набавени 38 нови модерни трактори, комбајни и помошна механизација. Со проектот 100 винарии, во Новачани, Караслари и Кочилари се предивидени 14 плаци за мали винарии

Петар Печков

 Македонскиот земјоделец сака да го обнови својот возен парк и затоа има огромен интерес за субвенционирање  при  набавката на механизацијата. Заради анализа на застареноста  тракторите, комбајните и останатите помошни средства со кој тој располага, колку редовно се сервисира, се започна со подготовка на стручна студија,ова го најавија од надлежното министерство. Со неа подоцна ќе се конкурира пред ИПАРД програмата, за добивање на повеќе дополнителни  средства за обнова и осовременување на возниот парк на земјоделецот.

Имаме голем интерес за ставката популарно наречена 50:50, со  која Владата ги покрива пола од трошоците а самите земјоделци втората половина, при набавка на механизација. За илустрација во 2009-та и 2010 во Македонија се набавени 700 нови трактори и останата земјоделска механизација.  Викендот е објавена нова програма за рурален развој, со  кој се помага за набавка на основна и приклучна механизација. Цел ни е земјоделецот да има нов и современ возен парк – рече Коњановски на отворањето на 52 Државен натпревар на трактористи на Македонија, кој се одржа во Градско, на терените на АК Вардар 03.

Заради подобро евидентирање на состојбата со механизацијата во  земјава, со тракторите и комбајните, започната е подготовка на  студија со помош на професори од Универзитетот, преку која ќе се види што македонскиот земјоделец користи, а истата ќе послужи за добивање на средства преку ИПАРД програмата. Коњановски ја најави и новата стратегија на државата, заради окрупнување на земјоделските површини, и со неодамна распишаниот оглас за давање на државно земјиште под закуп,  секој заинтересиран ќе може да аплицира за добивање површина повеќе од два но до десет хектари земја.

Со последниот оглас се предвидени за распределба на четири илјади хектари земја. Проектот 100 винарии, кои се однесуваше на Неготино и Кавадарци се проширува за Велес и Градско, каде во реонот на  селата Новачани, Кочилари и Караслари, се планираат нови 14 плаца за мали винарии. Тие ќе треба да го откупат вишокот на грозје од индивидуалните лозари но и за развој на винскиот туризам.

Како ќе изораш, како ќе посееше, така ќе ожнееш, рекол народот и затоа добро да ја изораме секоја педа од нашата земја и таа добро да ни роди. Затоа Владата ќе продолжи со силно темпо да го развива и македонскиот земјоделец и земјоделие. Ако годинава вложивме 115 милиони евра, идната ќе има нови 15 милиони или вкупно 130 милиони евра субвенции и помош за земјоделството. Заради ова не нарекуваа ,,земјоделска Влада,, , ветувам дека и натаму ќе бидеме таква земјоделска Влада, бидејќи ќе продолжиме посилно да го помагаме македонското земјоделие – рече Зоран Коњановски заменик министер за земјоделие.

Тој потсети дека лани Македонија од извоз заработила 424  милиони евра, а годинава за седум месеци 240 милиони евра, со што значајно се полни државниот Буџет. Коњановски се пофали дека земјоделието во препораките од ЕУ добило оценка 4 и единствена забелешка било задругарството и иновативноста.

Од нас се бара иновација на одредени земјоделски сектори, механизација, нови семенски  насадни материјали. Втората забелешка  е здружувањето, задругарството и веќе работиме на тоа.Од следната година  интензивно ќе се вклучиме во дополнително стимулирање на задругарството. Создавање на задруги со  поголема површина земја, со поголема финансиска моќ, нив ќе ги стимулираме, тоа е наша следна цел – вели заменикот министер Коњановски.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »