речник контакт

Ново гостување на велешки театар, овој пат во Крива Паланка

Велешки театар на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски” ќе настапи со „Вечера за глупаци“

Петар Печков

Велешкиот театар со ново гостување. Утре сабота ќе настапи на 16 тиот Меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски” во Крива Паланка.

Актерите ќе ја одиграат хит  претставата „Вечера за глупаци“ која ќе ја изведат во Националната установа Центар за култура Крива Паланка. Фестивалот е дел од манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата за 2024″.

На него ќе настапат ансамбли од Хрватска, Србија и Бугарија како и Кумановскиот, Драмски и МНТ. Лауреат на годинешното издание е македонскиот актер Никола Ристановски.

Со истата претстава велешки театар учествуваше на Фестивалот на комедијата во Куманово и настапи во понеделникот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »