Петар Печков
Објавено: сабота, 12 декември 2020
Денес во велешко се регистрирани 26 ново заразени лица позитивни на ковид-19 , или досега вкупно 2.427, објави Центарот за јавно здравје Велес.
Како оздравени се водат 24 пациенти, досега вкупно 1.623.Активни се 727 случаи, од нив 655 на домашно лекување а осум во приватни клиники во Скопје .
Вкупниот број на хоспитализирани пациенти во велешка Болница се 60 лица од кои 55 потврдени, четири сомнителни и еден со негативен тест, но со здравствени проблеми, 28 пациенти се на кислородна поддршка- кажа -др Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.
Претпалднево починале двајца пациенти потврдени позитивни на Ковид. Маж на 68 години од Велес примен вчера и уште еден маж на 85 години примен пред пет дена од Свети Николе.
На Инфективно одделение се 43 пациенти, на Физикална 14 и на Интерно три. Досега во велешко починати се 79 лица, по последиците од корона вирусот.
Tweet |