Петар Печков
Објавено: вторник, 15 декември 2020
Ново заразени со ковид-19 се 23 лица а досега во велешко има вкупно 2.479 случаи соопштија од Центарот за јавно здравје. Оздравени се 28 или вкупно 1.711 пациенти.
Во велешко има активни 689 случаи на лица со корона вирусот, од нив 54 се во Болница, осум во приватни клиники едно во торако-васкуларна и 626 на домашно лекување.
Во велешката Болница се хоспитализирани 61 пациент, од нив 50 се потврдени позитивни, непотврдени се 5 и шест со негативни тестови, но со здравствени проблеми.
На кислородна поддршка се 29 пациенти. Инфективно одделение се 44, на Физикално 14 и на Интерно три пациенти - кажа д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.
Tweet |