Петар Печков
Објавено: сабота, 12 јули 2008
Преминувањето на четворица советници од листата на коалицијата „За Македонија заедно“ во коалицијата „За подобра Македонија“ предизвика прекин на работата на Советот на општина Велес. Откако новоформираното локално мнозинство, засилено со припадниците на етничките заедници, предводено од ВМРО-ДПМНЕ ги предложи и изгласа точките на дневен ред со кој се разрешува и именува нов претседавач на Советот и се формираат нови УО на локално ниво, претседателот на Советот ја прекина седницата и закажа нова за две недели.
За предлагање на нови точки на дневниот ред потребно е истите да се достават седум дена пред нејзиното закажување или да се образложи итноста кога се стават пред самиот почеток. Во случајот со новите точки кои советниците од ВМРО-ДПМНЕ ги предложија не е сторено, затоа ја одложив седницата. Новото мнозинство е рефлексија на парламентарните избори и има законско покритие, но не ја одразува желбата на избирачите од локалните избори – изјави Трајко Бабунски, претседател на Советот на општина Велес. Новоформираното мнозинство реагира на прекинот и побара одржување на нова седница на која ќе се разгледуваат точките за разрешување и именување, поради кои се случи разидувањето.
Немаше законска основа за прекин на седницата на Советот. Затоа поднесовме барање од осумина советници за нова седница која би се одржала за две недели, а би се верификувал новиот распоред на силите во локалната власт и би се извршиле промени на одредени личности – изјави Славчо Чадиев, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Нивните нови членови, Бејхан Мемдов од Демократската партија на турците и Саит Јакупи од ДУИ, припадници на малцинските заедници, објаснија дека преминот од една во друга колаиција ова го сториле по барање на партијата и централата во Скопје. Претходно трансфер имаа Никола Нацев од ВМРО-Македонска и Зоран Ѓуровски до Зелената партија.

Tweet |