Петар Печков
Објавено: петок, 11 ноември 2016
Територијалната противпожарна единица од Велес доби ново повеќенаменско возило. Донацијата е од Дирекцијата за заштита и спасување. Се работи за возило марка фиат навара, кое може да интервенира при пожари во градската средина, пожари на отворен простор и на сообраќајни незгоди на патиштата во градот и околината. Со ова теренско возило, вредно 60 илјади евра, пожарникарите полесно ќе стигнуваат во високите и тешко пристапни делови на градот.
Ова возило е добредојдено за високите делови на градот, каде има тесни улици но и за шумските пожари. Тоа е двонаменско. Тоа значително ќе ја подобри нашата работа оти ќе се надмине проблемот со пристап до одредени делови на Велес - рече Командирот на ТППЕ Велес, Љупчо Лепидовски.
Освен вода возилото користи и пена за гаснење. ТПП единица доби и нови ножици –клешти за сечење метал, со кои брзо се интервенира при вадење на повредени во сообраќајни несреќи кои се чести на коридорот 10, каде велешките пожарникари често интервенираат.
Tweet |