речник контакт

Ново продолжение на Супермен

Во апсолутен Супермен стил, новото продолжение на сагата за Кларк Кент направи пеколно враќање во кино благајните расчистувајќи се пред себе и заработувајќи 84 милиони долари за првите пет дена

lj lkjl

Во апсолутен Супермен стил, новото продолжение на сагата за Кларк Кент направи пеколно враќање во кино благајните расчистувајќи се пред себе и заработувајќи 84 милиони долари за првите пет дена од прикажувањето, што е апсолутен рекорд на студиото Ворнер Брос. Со ваквата заработувачка најновото продолжение за супер херојот влезе во друштвото на Бетмен и Матрикс Револушнс, но се уште е далеку од рекордните 152 милиони долари на Спајдер Мен 2. Според пресметките, филмот ќе ја надмине границата од 100 милиони токму на денот на независноста, а цената на враќањето на Супермен e околу 280 милиони долари. Режисер и на ова супер херојско дело е Брајан Сингер, кој ги снимаше првите два дела од Икс Мен. Во новото продолжение се вклучени и околу 20 минути акциони сцени снимани во 3D техника. Инаку приходите на Холивуд веќе седма недела по ред бележат постојан пораст а во однос на минатиот 4 јули нивната заработувачка е зголемена за 5%.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »