Петар Печков
Објавено: среда, 09 декември 2020
Стадион на Академија Пандев
судија: Качевски, Струга
стрелци: Радевски 78` од пенал и во 88` за ФК АП и М. Ристовски во 39` за ФК Б
картони :жолт Илиев, Радевски, Стоилов за ФК АП; Прелчец, Силва, Чичевски, Георгиевски за ФКБ
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ: Алчевски, Димов,Димовски, Илиев, Крстовски, Миловановиќ, Николов, Радев, Серафимов, Стоилов, Велиновски играа и Пандев, Трапановски, Јованов
ФК БОРЕЦ: Ѓоргиевски, Ефтимов, Коцев, Прелчец, Ф. Ристовски, М. Ристовски, Ристевски, Стоименовски , Силва, Стојчевски Трајков играа и Чичевски, Радовиќ, Десниќ
Ново разочарување од фудбалерите на ФК Борец. Загубија со 2:1 во Струмица од екипата на ФК Академија Пандев, која до ова коло беше при дното, претпоследна со само 10 бода.
Како и на натпреварите со екипите фенерџии, со ФК Беласица во Струмица одигра 2:2 а со ФК Ренова во Тетово и со играч повеќе 60 минути загуби со 1:0.
Велешани поведоа преку Марјан Ристовски во 39-та минута. Пресвртот стигна во 78 минута од пенал, кој го реализираше Радевски, кој го постигна и решавачкиот гол во финишот во 88-ма минута.
По ова 16-то коло, ФК Борец падна на шестото место со 22 бода а во следното, в недела на Градски гостува ФК Силекс, кој е четврти со ист број бодови.
Поради тоа што е позитивен на ковид-19, ФК Борец , тренерот Горазд Михаилов отсуствува од клупата на велешани а екипата ја водат помошниците.
Tweet |