речник контакт

Ново регистрирани се 18 случаи на ковид-19 во велешко

Во двете ковид одделенија од велешка Болница претпладнево има згрижено 26 пациенти, еден помалку од вчера, една пациентка е префрлена на приватна клиника во Скопје

Петар Печков

Во изминатите 24 часа во велешко има  18  ново регистрирани случаи на ковид-19 а оздравени се девет лица. Ова се податоците кои ги објави Министерството за здравство, од билтенот за изминатите 24 часа. Бројот на активни случаи сe  искачи на 138  случаи. Починати нема.

Во двете  ковид одделенија од велешка Болница  претпладнево  има згрижено 26  пациенти,  еден помалку   од  вчера.  Од нив потврдени позитивни  со ПЦР тест се 12, непотврден  е  еден пациенти  а   негативни се 11, но со здравствени проблеми, па  имаат потреба од здравствена заштита.

„Една пациентка е транспортирана во приватна клиника во Скопје. Изминатите 24 часа испишан е еден пациент а нема ново примен. На  континуирана кислородна поддршка се седум  пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.

На Инфективното одделение се згрижени  15 пациенти, а на Интерното одделение се 11  пациенти.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »