Петар Печков
Објавено: четврток, 02 јануари 2014
Итната помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес доби ново амбулантно возило. Тоа е марка ДФМ - С КО7 набавено со сопствени средства.
Новото возило е набавено за потребите на градот, оти може да се движи по тесните улици во високиот дел до градот. Досегашните возила беа за транспорт на повредени по главните улици, додека проблем имавме кога требаше да се интервенира за овие тесни улици. Сега и тој го решивме. Со четирите возила донација од Владата ги носиме пациенти на Клиниките во Скопје или во Ремедика, Систина, каде има потреба – изјави д-р Татјана Самаракова директор на ЈЗУ Здравствен дом Велес.
Така сега Итната помош од градот има осум возила, четири се набавени со сопствени средства а четири се донација од Владата и Министерството за здравство.
Tweet |