речник контакт

Ново силување во велешкото одделение за осудени малолетници

Настанот се случил на 24 август. Народниот правобранител бара повисоко ниво на безбедност за затворениците во поправниот дом

Петар Печков

Ново силување во велешкото одделение на Тетовскиот поправен дом за малолетници. Малолетникот бил силуван од малолетник кој лежи затвор за силување. Настанот се случил на 24 август годинава.

Момчето кое го пријавило случајот било пренесено во велешката Болница, каде дежурниот доктор ги констатирал повредите од силувањето. Во велешкото обвинителство се води истрага за овој нов случај, втора за три месеци. 

Во првиот случај во мај, во истиот објект на велешкото одделение на Тетовскиот затвор за малолетници, бил силувано момиче од четворица негови цимери, но овој случај бил забошотен од дежурните во затворот. Се води истрага и против  нив. За овие два случаи реагираше и Народниот правобранител, барајќи повисоко ниво на безбедност за затворениците во поправниот дом.

Четири години велешкиот затвор е времен дома за малолетници кои служат казна затвор за тешки дела. Велешкиот затвор од   јуни 201-тата  е затвор за малолетници и тука отслужуваат казна лица кои во време на изрекувањето на казната биле под 18 години.

Нивното преместување во оваа казнено поправна институција е по препорака на ЕУ,  бидејќи овие лица малолетници биле со заеднички престој во затворот во Идризово со криминалци кои сториле тешки дела, убиства, киднапирања, сексуални престапи, и не било добро да отслужуваат казна затвор  заедно, го попречувал процесот на рехабилитација.  Затоа тие беа префрлени во ваков вид казнени институции.

 По нивното доаѓање во Велес во првата година се случија бројни бегства, но и зголемен број на кражби во блиската населба Превалец.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »