речник контакт

Новогодишен Хајд парк за пречек на 2012 година

Сузана Спасовска, Круме Спасовски, оркестарот на Стевче Стојковски, дувачкиот оркестар Весела Дружина и велешката група Коктел бенд ќе ги забавуваат велешани за новогодишната ноќ

Петар Печков

  Како што ТРМР најави Сузана Спасовска, Круме Спасовски, оркестарот на Стевче Стојковски, дувачкиот оркестар Весела Дружина и велешката група Коктел бенд ќе ги забавуваат велешани за новогодишната ноќ. Дочекот, кој повторно се организиран во центарот на градот на платото пред зградата на судот, ќе биде по две годишна пауза.

Заради анимирање на граѓаните од 29-ти до 31-ви секој ден на новогодишната сцена ќе има своевиден Хајд парк. Организаторот општина Велес ги повика сите кои сакаат да настапат  а имаа свој бенд, група, било какви креативни и уметнички способности, пеат фолк или поп, глумат, жонглираат,  танцуваат,да се пријават. За овој дел веќе имало голем интерес не само на велешки изведувачи и поединци, така што сцената сите три дена ќе биде полна.

Новогодишниот пречек општината ќе ја чини  околу шест илјади евра. Градот за Новогодишните и Божикни празници го ураси со многу декориации. Доделува и награда за најубаво украсен двор, тераса и излог, во вредност од 15.000 денари.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »