Петар Печков
Објавено: сабота, 22 декември 2012
Ако не се тезгите во центарот на градот, тешко дека ќе можете да го почувствувате доаѓањето на Новата 2013 година. Пет регуларни, платени монтажни и 20-тина диви препродавачи.
Распослани на летни креветчиња, картонски кутии, најлони ја грдат сликата на центарот. И затоа не може да не чуди неинтересот на закупците да земат тезга и понудат нешто за продажба. Тоа треба д се плати а на метро до нив е нелегалната конкуренција која за сите надлежни инспекции иако им е пред очи, не постои.
Да на зборуваме за сметот што го прават и на какво начин се продаваат. Ама очигледно инспекциите имаат поважна работа, чекаат да дојде Нова година а грдата слика ќе мине, секое чудо за три дена.
Tweet |