Петар Печков
Објавено: понеделник, 30 декември 2013
Во ресторанот Корнер се случи третата Тортијада, во организација на Здружението на жени за мултикултурни активности Креација 2009. Жените кои се членки на здружението подготвија новогодишни тори, кои беа ставени на продажба.
Тие беа подготвени од нивни лични средства, па затоа парите од продажбата се враќаат на жените изработувачи. Една торта беше подарена на Средношколскиот интернат Лазар Лазевски.
Преку оваа манифестација сакаме да дојде до израз творештвото на нашите членки, какви изработки можат да креираат. Сакаме на овој новогодишен начин нашите членки да се дружат, забавуваат и да видиме кој што може да создаде – рече Рајна Стојанова претседател на Креација 2009.
Минатата година една торта заврши во Скопје во заводот за рехабилитација до Топанско Поле.
Tweet |