речник контакт

Новогодишна семејна расправија со пукање во долна Бабуна

Тоа е единствениот регистриран инцидент во Велес и велешко, дос трана на ПС Велес

Петар Печков

Дочекот на Новата година во Велес и велешко, според полицијата бил со еден регистриран инцидент. Немало повредени но имало вознемирување на јавноста, со пукање.

„На 31 декември, околу полноќ во Полициската станица Велес било пријавено дека во и пред викенд куќа на место викано „Бабуна“, велешко, по претходна расправија, Р.Н.(65 год) со ловечки карабин „Црвена Застава M – 70“ калибар 8x57, му упатувал закани на неговиот син Б.Н.(29 год ) и неговата снаа А.Н.Н.(25 год), по што испукал еден куршум во воздух. Потоа Р.Н. се обидел физички да го нападне Б.Н. но тој му ја одземал пушката и физички го нападнал Р.Н.“- соопштија од МВР.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »