Петар Печков
Објавено: четврток, 31 декември 2015
Новата година доаѓа за сите. И добро е што децата од ранливите категории семејства добиват пакетчиња, што некој се сетил и на нив.
Пакетчиња добија децата во Детското одделение во Градската Болница, децата од Дневниот Центар, децата од Посебното ОУ Маца Овчарова, децата со оштетен вид и слух, децата од загрижувачките семејства.
Градоначалникот Чадиев на истекот од годинава го посети шесточленото семејство Беќири и подари прехранбени продукти.
Tweet |