речник контакт

Новоформираниот Совет за јавно здравје во Велес, во услови на пандемија на корона вирусот е без инфектолог

Не е задолжително да бидат сите членови доктори вели Елизабета Митревска Анѓелеска претседателката на комисијата за мандатни прашање

Петар Печков

Ново формираниот  Советот за јавно здравје од Велес е без доктор од најголемата здравствена институција во општината, Болницата. И во услови на пандемија на ковид-19, нема ниту еден инфектолог. Тој е помошно тело на Советот на општината. 

Во неа  општинските советници изгласаа двајца членови од ЈЗУ Здравен дом, општ лекар од итната помош и  специјалист за трудова медицина, двајца од Центарот за јавно здравје- специјалист по хигиена и епидемиолог, како и еден претставник од матичните доктори од градот.

Претседателката на комисијата за мандатни прашање и координатор на владејачката ВМРО-ДПМНЕ  во Советот, Елизабета Митревска Анѓелеска вели дека без оглед на изборот, секој доктор но и социјален работник може да работи и помага во ова помошно тело.

„Предлог имавме за еден доктор специјалист од Центарот за јавно здравје,а останатите четири беа предлози од советници. Тие треба  да бидат еминентни личности  во делот на здравството. Не е задолжително да бидат сите членови доктори, можат и социјални работници. Оваа работа е волонтерска и не се прима надомест. Немаше критериуми дека мора да има доктор од оваа институција или онаа. Сите  можат да партиципираат како надворешни членови и имаат отворена покана“- кажа  Елизабета Митревска Анѓелеска.

За јавноста во градот е несфатливо како во време на пандемија на корона вирусот, нема место за  ниту еден од тројцата инфектолози  кои се работат во Инфективното одделение од велешка Болница. Иако таков предлог имало, за прим д-р Славица Трајкова, мнозинството во советот ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Левица,  не го поддржал.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »