речник контакт

Номинираните Оскаровци „Аватар -патот на водата“ и „Бабилон“ и неделава на репертоарот на 3Д киноверзум

Нови филмови кои ќе се прикажуваат до 1 февруари се трилерот „Опасен лет“,драмата „Кит“ и детскиот „Мачорот во чизми“

Петар Печков


И наредните седум дена  велешани ќе може да гледаат нови и интересни филмски наслови во “3Д Киноверсум Велес“. Тие го објавија репертоарот за периодот 26 јануари - 1 февруари.

На репертоарот се и два филмски хита, кои освоија бројни номинации за ОСКАР Аватар- патот на водатa, кој има номинации за техничките категории- продукција, звук, визуелни ефекти, но и за најдобар филм во целина, како и историскиот „Бабилон“ со Бред Пит, кој освои номинации  за костимографија, оригинална музика, продукција.

 „Аватар - патот на водата ќе се прикажува  петок, сабота, понеделник и среда, „Бабилон “е в четврток.   Нов на репертоарот е трилерот „Опасен лет“ со  и ќе се прикажува секој ден , освен понеделник и среда. Повторно ќе се прикаже „Кајмак“ на Манчевски во вторник, како и трилерот „Меган“ петок, недела и вторник.

Викендот ќе се прикажат  три детски филма: „Мачорот во чизми“, „Неверојатниот Морис“ и „Авантурите на ФИНК’ во пладневните термини.

Нов филм кој ќе се прикажува оваа седмица е драмата „Кит“ со Брендон Фејзер, кој е на репертоарот  петок и понеделник.

Попладнево од 18ч. е мјузиклот, биографскиот филм за Витни Хјустон, „Сакам да танцувам“. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »