lj lkjl
Објавено: вторник, 11 јули 2006
Со баладата \"Признавам\", Ноне ќе и се престави на публиката во Нови Пазар во Србија на интернационалниот музички фестивал \"Стари град\". Фестивалот трае до 21 до 23 јули, а се одржува во три вечери во Домот на културата. Според најавите на организаторите, на фестивалот би требало да се појават повеќе познати пејачи од поранешна Југославија како Кемал Монтено, \"Хари Мата Хари\", \"Ван гог\", \"Црвена јабука\", Тифа и Емина Јаховиќ како домаќинка од Нови Пазар. \"Признавам\" е дел од деби албумот на Ноне \"Јас или таа\", од авторите Јован Јованов и Елвир Мекиќ. Како што најавува \"Премиер\" продукција, Ноне наскоро ќе снима спот за оваа песна.
Tweet |