Никола Солев
Објавено: вторник, 10 јануари 2006
Младата поп пејачка Ноне, во Новата година, најавува нов албум. На деби цедето, таа веќе почна да работи во студиото на Јован Јованов. Една нова песна е снимена, а втората ќе се снима по божиќните празници. Нејзиниот менаџер Антонио Димитриевски од \"Премиер продукција\" ни изјави дека најверојатно Јованов ќе биде автор на сите песни од албумот, иако има простор една или две песни да бидат од други композитори. Во меѓувреме, Ноне низ Македонија настапува со песните што ги испеја на \"Идол\", и двете фестивалски \"Лесно ко два и два\" и \"Твоја сум\", кои ќе бидат дел од нејзиното прво цеде. \"Премиер продукција\" беше дел од организацијата на прославата на Новогодишната ноќ на плоштадот Македонија, како сценарист и извршен продуцент. Извор: Вест
Tweet |