Петар Печков
Објавено: четврток, 17 март 2011
Cабота во Велешкиот театар со почеток во 19,30 часот премиерно ќе биде изведена претставата ,,Нора,, од Хенрик Ибзен во режија на Никола Ристовски. Претстава која е на репертоарот на поголемите светски театарски, од утре ќе се игра и во ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,, , на текст кој и покрај тоа што е напишан во втората половина на 19-тиот век , сеуште е шокантен, многу возбудува и провоцира, бидејќи отвора вечни прашања, на бракот како институција, на машко-женските односи и на правата на жената во рамките на семејството и општеството.
Под притисок на различните влијанија, што ни се случуваат, стануваме нечии куклички. Стануваме такви како што другите сакаат да не видат, се претставуваме како што другите сакаме да не забележат. Нора се бори токму против овие особини и криза. Затоа прашањето е колку сме ние подготвени да направиме така силни потези и да се запознаеме какви сме вистински – изјави режисерот Никола Ристов.
За велешкиот ансамбл ова значајно, крупно дело, е голем предизвик не само за режисерот, бидејќи според теоретичарите тоа што Хамлет е за машките, тоа е Нора за женските актерки. Нора ќе ја толкува Кети Борисовска.
Оваа ролја ми создаде позитивен товар, да се одговори на Нора. Онаква каква е напишана е многу мачна и се надевам дека ја разбрав и ќе ја одиграм. Јас и Нора имаме иста карактеристика, да се излезе од притисокот од општеството за нормите и принципи кои ни се наметнуваат, да се искинат конците кои не прават кукли – изјави Борисовска.
Покрај неа во претставата настапуваат Самоил Стојановски, Маја Љутков, Едмонд Сотир, Александар Георгиев и Зорица Панчиќ. Преводот на драмата е на Ленче Тосева, сценографијата на Дејан Трипуновски, костимите на Александра Крнинова Груев, изборот на музиката е на режисерот а кореографијата на Мара Каревска.
Tweet |