речник контакт

Норвежанeцот Бјорн Петер дојде во Велес да учи да свири хармоника

Три седмици зедно со КУД Керамичар, младиот норвежанeц ги совладуваше техниките во свирењето на овој за тамошни услови редок инструмент

Петар Печков

Норвежанецот  Бјорн  Петер Торте  допатува од ладниот Молде во врелиот Велес за да го усоврши свирењето на хармоника. Тој тука престојуваше три седмици за кој период заедно со колегите од КУД Керамичар  учеше што подобро да ги свири македонските  ритми. И додека ја растегнуваше  хармониката марка ,,Гуерини,, кришум погледнуваше како тоа свират неговите домаќини.

Ова е мој втор престој во Македонија, во Велес. Бев и лани летото и сега сум повторно. Доаѓам за што подобро да  научам да свирам на хармоника. Бев неколку дена и кај познатиот професор од Белград Љубиша Павковиќ и земав часови. Ги обожувам балканските ритми и сакам да снимам ЦД со оваа музика. Исто така имам и јас неколку песни компонирано – вели осуманесетгодишниот Бјорн Петер.

Тој  ова музика ја запознал пред четири години преку интернет на Ју-тјуб, кога пребарувајќи наишол на македонски виртуози на хармоника. Тоа го задржало и од тогаш  е обожавател на инструменталната музика. Досега има компонирано 60-тина негови песни. Хармониката ја свири од осумгодишна возраст, откако неговата мајка за роденден му го купила овој инструмент. И таа исто така свирела на хармоника, кој во Норвешка е многу редок, бидејќи малкумина го употребуваат и знаат на него да музицираат. Впечатоците од престојот  во најжешкиот период од годината во Велес, му се одлични, не ги расипа ниту високите температури од 40 и фазла, за кој мислел дека повеќе наликуваат на Африка, отколку за југот на Европа.

Луѓето се многу отворени, срдечни, поинакви отколку во студената  Норвешка, многу се отворени во комуникацијата.  Луѓето ме прифатија како нивен, овдешен, без оглед што доаѓам илјадници километри подал4еку од тука, со различен култура и стил на живот. Ме воодушевија инструменталистите од КУД Керамичар, кој се многу добри свирачи за еден мал град. Згора на тоа имаат и танцувачка група, кој одлично игра. Заедно се прекрасно друштво кое впечатливо го пренесува вашиот фолклор – вели Норвежанецот Петер.

Тој сака да студира џез музика. Полнолетството го прослави во Велес на 25 јули. Пријатно е изненаден кога сите  познаници тој ден му го честитале роденденот. Тоа му оставило силен впечаток. Додека беше во Македонија престојуваше кај неговиот пријател Мали Исмаиловски од велешко село Мелница. Нив ги поврзува блиско пријателство, кое го склопиле на училиште, каде заедно се школуваат.

  Бјорн Петер е интелигентно момче кое го освои македонскиот ритам. Ги разбира нашите зборови, по престојот во Македонија лани и годинава. Многу ја сака нашата музика, тој е заљубен во неа и сака што подобро да ја свири. Затоа не жали средства и време да дојде тука и се  усовршува – вели Исмаиловски.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »