Петар Печков
Објавено: среда, 23 септември 2026
Есента календарски и астрономски на северната Земјина полутопка започна ноќеска, среда на 23 септември во 02:05 часот наутро по македонско, средноевропско време. Есен, годишно време што носи пократки денови, подолги ноќи и постепено опаѓање на температурите. На Јужната започна пролетта.
Денес е есенска рамноденица еквинокс, кога Сонцето преминува точно над екваторот, а денот и ноќта траат приближно еднакво. Од денеска, па натаму, деновите ќе стануваат пократки, а ноќите подолги, сè до зимската краткодневица.
Сонцето над Велес изгреа во 6,20 ч. а ќе зајде во 18,28 ч. Денот ќе трае 12 ч. и 7 минути. Есента ќе трае вкупно 89 денови и 21 час, секојдневно кратејќи го денот, сè до 21 декември во 21,50ч., кога астрономски ќе започне зимата.
Дополнително, во текот на оваа есен нè очекува и враќањето кон зимското сметање на времето, кога стрелките на часовникот ќе ги поместиме за еден час наназад во ноќта меѓу 24 и 25 октомври 2026 година.
| Tweet |




