речник контакт

Ноќеска на Коледе измерена највисоката вредност на ПМ 10 честички зимава во Велес

Попусти беа укажувањата од локалната власт граѓаните да се однесуваат одговорно на Коледе

Петар Печков

Ноќеска на Коледе во Велес е измерена највисоката вредност на загадување во градот  со ПМ 10 честички последните 30 дена, покажуваат резултатите од мерните инструменти на Министерството за животна средина. 

Вчера биле измерени 133 мг на м3 ПМ 10 честички, во ноќта кога велешани масовно ги палеа коледарските огнови.  На полноќ Велес беше најзагаден град во земјава со часовна вредност од 500 мг на м3. Попуста беше вчерашната реакција од локалната власт граѓаните да се однесуваат одговорно при палењето ан коледарскиот оган.

„Апелираме до граѓаните коледарските огнови кои се децениска традиција оваа година да се палат во контролирана форма за да не придонесат кон дополнително нарушување на квалитетот на амбиентниот воздух и да се намали ризикот за појава на пожар. Да ја одбележиме вековната традиција, но постојано да имаме во предвид дека воздухот е загаден во овој период и дека треба да се однесуваме како одговорни граѓани кон околината во која живееме“ - реагираа од Општина Велес.

Ова зима во Велес, според мерните инструменти на Министерството за животна средина во Велес,  немало повеќе врзани денови со високи вредности на ПМ 10 честички. Прагот на информирање е доколку има пет последователни денови со повисоки вредности од граничните  50 мг на м3 а алармантно ако 10 последователни денови има загадување од 100 мг на м3.

фото Саше Делов

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »