речник контакт

Ноќеска починаа тројца пациенти позитивни на ковид-19, на лекување на Инфективно одделение

Бројката на починати од корона вирусот во велешко се искачи на 20 лица

Петар Печков


Ноќеска се регистрирани  три смртни случаи на лица позитивни на ковид-19, на Инфективното одделение од Велешката Болница, објави градоначалникот Аце Коцевски  на денешната прес конференција.  

Двајцата пациенти   се на 62 годишна возраст, од машки и женски пол, двајцата се велешани и едно лице, маж на 69 годишна возраст од Свети Николе  - кажа Коцевски.

Со ова бројката на починати од ковид-19 во велешко се искачи на 20 лица.  

Вчера на пладне почина и 62 годишна жена позитивна на ковид-19, која беше хоспитализирана на Инфективното одделение од велешката  Болница.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »