Петар Печков
Објавено: недела, 29 мај 2022
Ноќеска, сабота кон недела, сообраќајната полиција контролирала, колкумина од возачите во велешко, возеле под дејство на алкохол.
„Во текот на изминатата вечер (28/29.05.2022) во периодот од 23.00 до 04.00 часот на територија на СВР Велес спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата констатирани и законски санкционирани се 12 возачи“ - соопштија од МВР.
Од таму најавуаат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот за посигурни патишта.
Tweet |