Петар Печков
Објавено: сабота, 07 јули 2018
Ноќеска се случила тепачка во Велес, во која учествувале шест лица а тројца побарале лекарска помош. МВР со информација за настанот.
На 07.07.2018 година во 01,00 часот во Велес, на ул.„Алексо Демниевски“ во кафе-бар настанала тепачка помеѓу лицата С. М (30), Д.М (22) и В.С (23) од с.Согле, општина Чашка, од една страна и од друга страна С.Т (43), К.Л (24) и И.А (32) сите од Велес. По физичката пресметка првата група лица се повлекле и го напуштиле кафе-барот, но почнале да фрлаат со камења по останатите тројца. Со телесни повреди се здобиле С.М, Д.М и В.С на кои им е укажана лекарска помош во ЈЗУ “Велес“ Учесниците во настанот се приведени во полициска станица и се работи на расчистување на случајот- соопштија од МВР.
Tweet |