Петар Печков
Објавено: среда, 01 април 2020
Тројца велешани во текот на синоќешниот полициски час се откриени како се движат по улиците низ градот.
Оваа информација ја објави портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.
Против нив ќе бидат поднесени и соодветни кривични пријави.
Опаѓа бројтка на лица кои се во домашен карантин во велешко. Ако пред некој ден беа 127, сега се 40-тина помалку.
Додевски дополни дека во велешко во самоизолација се 86 лица за кои тие имаат налог да ги контролираат, дали истата ја почитуваат.
Tweet |