Петар Печков
Објавено: четврток, 01 декември 2022
Ноќеска полицијата уапсила велешанец, осомничен дека извршил кражба од двор на сограѓанин, информираше МВР. Кражбата била извршена на улица, позади Хигиенски.
„На 1 декември во 02.45часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.А.(21 год ) од Велес. Тој се сомничи дека истиот ден извршил кражба од двор на ул.„Пајак Планина“, сопственост на А.А.(55 год ) од Велес, при што одзел повеќе предмети“ - соопштија од МВР.
Од полицијата додаваат дека одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Tweet |