Петар Печков
Објавено: среда, 12 декември 2012
,,Ноќите во бел сатен,,, работена по текст на Братислав Димитров а во режија на Ненад Витанов petok вечер во 19,30 премиерно ќе биде прикажана во велешкиот театар Јордан Хаџи Константинов Џинот. Текстот, авторот Димитров му го посветува на починатиот театарски режисер Димитар Станковски кој требало да биде и нејзин режисер.
Претставата се бави со еден од современите проблеми, осаменоста. Можеби тука за нас и не е толку голем, но во светот тоа е најголемиот и најзначајниот. Во трката по пари, моќ, привилегии ги заборавивме основните потреби - емоциите. Публиката може да очекува забавна претстава која и ќе ги насмее но и ќе ги допре во срцето, во нивните души и проблеми. Стануваме робови на техниката, забораваме на нашите чувства и имаме недостаток на љубов – рече Ненад Витанов режисерот на претставата кој ја избра и музиката за неа.
Во неа настапуваат Јордан Витанов, Маја Љутков, Васил Зафирчев и Зоран Љутков.
Бев дел од една добра екипа и позитивен процес и останатите од неа делуваа инспиративно на мене. Јас толкувам психотерапевт, чии пациенти се слика на самата себе на докторката Бети, која е духовно осамена. Претставата е црн хумор, многу интересна и очекувам дека публиката добро ќе ја прифати – вели актерката Маја Љутков.
Авторот на текстот Димитров, запишал дека,, тоа што некогаш било скандал денес е незабележливо. Тоа што денес е незабележливо, еден ден можеби ќе биде вредност. Ноќите во бел сатен е пиеса за осаменоста и паничната потреба од љубов,,. Костимографијата на претставата е на Александра Крнинова а сценографијата на Филип Коруновски. Младиот режисер Ненад Витанов ова му е втора претстава во велешкиот театар, првата беше ,,Белег од човечки заби,,.
Tweet |