речник контакт

Ноќна атлетска трка во Велес на 5 и 10 км со хуманитарен карактер (фото)

Собрани се 30 илјади денари. Победници се: Јованова и Наумовска кај жените на 5 и 10 км и Иванов и Алексовски кај мажите.На 5 км. трчаше и градоначалникот Колев

Петар Печков

Во чест на денот на Општината 9-ти Ноември, вчеравечер, вторник, се трчаше ноќна атлетска трка. На неа трчаа околу 180 учесници , мажи и жени, од  13 градови  а патеката беше на улиците околу основното училиште „Васил Главинов“ на 5 и 10 км.  Трката беше во чест на 77 годишнината од ослободувањето на Велес а ја организираше Општина Велес.

На патеката во должина од 10 км ги истрчаа  59 учесника во машка и 10 во женска конкуренција.  

На победничкото постолје се најдоа: 1. Радмила Јованова  од  Штип  со време 49:36; 2.Фросина Михјаловска  -Куманово 50:3; 3. Јасмина Каркински - Скопје 50:41

Кај мажите: 1. Миле  Иванов од  Кичево со време  37:28; 2.Игор Јакимовски  -Скопје 37:31; 3. Тодор Анчев -Гевгелија  39:12

На патеката во должина од 5 км  трката ја завршија  84учесници  во машка и 30 во женска конкуренција.


На 5км   пласманот беше следен:  1.Бојана Наумовска  од Охрид  со време 21:36  Охрид; 2.Цеце Србова - Гевгелија  22:38; 3. Кристина Узунова - Гевгелија  24:59.

Кај мажите пласманот беше следен: 1.Миомир Алексовски од Скопје со време  17:31; 2. Кристијан Наумовски - Охрид 17:36; 3.Мартин Трајановски - Струга  18:09.

Атлетската трка имаше хуманитарен карактер.  Секој учесник, како котизација донирал по 100 денари а „Маркарт“ уплатил дополнително 6 илјади денари на сметката на Црен крст- Велес. Или вкупно биле собрани околу 30 илјади денари, со кои  Општинскиот Црвен крст Велес, ќе се набави  пакети со храна и хигиена и ќе им бидат доделени на лица од социјален ризик.  

На трката  учествуваше и градоначалникот Марко Колев кој 5 км ги истрча за  33:57. Учесници имаше од   Скопје, Велес, Пробиштип. Виница, Гевгелија, Ресен, Штип, Кичево, Куманово , Радовиш, Дебар, Струмица, Охрид, Струга.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »