Петар Печков
Објавено: понеделник, 05 февруари 2007
Прекинат е шестмесечниот пост и немањето на дежурна аптека во Велес, откако Подрачната единица на Фондот за здравство им наложила на аптеките да воведат ноќна смена.
Ова се однесува на сите кои имаат склучено договор со Фондот и доколку не се почитува распоредот, аптеките се судруваат со можноста да им биде одземена лиценцата за работа.
Распоредот е составен од страна на ПЕ на Фондот за здравство и доставен до сите аптеки во градот, но и до матичните лекари и Брзата помош, каде е истакнат за пациентите да знаат од каде можат да се снабдат во ноќните часови со потребните лекарства.
Од почетокот на септември минатата година Градските аптеки, кои се приватизирани ги укинаа дежурствата со оправдување дека во градот има и други аптеки кои добиваат средства од Фондот и тоа веќе не е само нивна обврска. Така педесетина илјади жители на општината половина година беа без дежурна аптека.

Tweet |