речник контакт

Ноќниот воз од Скопје блокиран на сигнал на влез во Велес, патниците пешки до станица

По темнина, газејќи по прагови стасавме некако пред полноќ. За тие што не знаат тоа е некаде кај мостот на Вардар кај Башино село, па пеш до станица- вели еден од патниците

Петар Печков

Средата вечер патниците во вечерниот воз од Скопје за Велес, која поаѓа во 22,30ч. имале непријатна епизода  при пристигнувањето во железничка станица Велес. Според нивните кажувања морале  да одат пеш за да стигнат до станицата во Велес.

„Пред да стигнеме  во Велес, возот сопре на сигналот, на влезот во станицата. Ни кажаа дека нешто со сигнализација е расипано и ќе треба да чекаме да се поправи, требало да дојде некое лице од Неготино. Не` кажаа колку време ќе чекаме, па сите колку што бевме во возот решивме пеш да ги и да изодиме тие неколку стотини метри од станицата. По темнина, газејќи по прагови стасавме некако пред полноќ. За тие што не знаат тоа е некаде кај мостот на Вардар  кај Башино село. па пеш до станица“ - вели еден од патниците.  ОД МЖ Инфраструктура го потврдуваат настанот.

„Дошло до затајување на блок апаратот пред влезот на станицата во Велес.  Отправникот се упатил веднаш кон местото рачно да ја сврти свртницата. Возот стоел околу 35 минути во место, а потоа продолжил кон станицата. Некои патници, за да не чекаат, самоволно се симнале таму и продолжиле пеш до станицата. Блок апаратот веднаш бил оспособен“ - соопштија од ЈП  МЖ Инфраструктура.

Овие три дена, во Велес не работат ниту сигурносните рампи на железничките  премини,  на трите патни премини во центарот на градот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »