речник контакт

Нуклеарниот бункер на Тито

Најдобро чуваната тајна во поранешна Југославија станува најбарана туристичка дестинација во БиХ и место на одржување на сигурно еден од најиновативните европски културни настани.

Петар Печков

Малкумина можеле да претпостават дека планините во близина на Коњич -- заспан град кој се наоѓа 50 километри југозападно од Сараево -- ќе стане локален нуклеарен бункер за поранешниот југословенски водач Јосип Броз Тито и 350 највисоки официјални претставници на земјата.
Градбата, изградена од 1953 до 1979 година по цена од 4,6 милијарди американски долари, стана трета по големина инвестиција на Југославија.

Оние кои го градеа го нарекуваат објектот „подземен град“ со оглед на големината на мрежите што функционираат независно и обезбедуваат заштита од 25-килотонски нуклеарен удар. Некои велат дека тие работеле само на одредени делови и честопати биле заменувани со други работници, додека други тврдат дека и затвореници биле носени да помагаат во градењето.

Поради тоа што мојот договор за вработување беше државна тајна, никогаш не можев никому да му зборувам за мојата работа. Мојата сопруга не знаеше што работам за живот, ниту пак моите пријатели. Бидејќи се плашев од можни санкции, секогаш сосема ја избегнував темата“, рече домарот на бункерот, Хаџо Нориќ, за SETimes.

Од трите камуфлирани колиби пред бункерот може да се влезе преку подземни тунели. Бункерот, чија длабочина достигнува 280 метри, им дава на потенцијалните престојувачи можност за неограничен престој, опремен со целосна инфраструктура, вклучително и шмукање на воздухот и системи на филтрирање.

Jавноста дозна за бункерот во текот на конфликтот во периодот 1992-1995 година во БиХ. И покрај уништувањето низ целата земја, бункерот остана недопрен. Оттогаш, истиот стана главна туристичка дестинација, и сега, центар за уметнички изложби.

Сите предмети во бункерот се во совршена состојба, тие се стари, но функционираат ... Тоа е всушност мал град на површина од 6.500 квадратни метри“, рече директорот на Биеналето на современа уметност, Едо Нозиќ.
Биеналето „Временска машина -- без мрежа“ е изложба на современа уметност иницирана од локалните уметници. Повикот на локалните уметници брзо беше прифатен и 47 уметници од 18 држави учествуваа на Биеналето оваа година.

Големите медиуми и Европскиот совет го прогласија Биеналето, кое заврши минатата недела, за „најголем сликарски настан досега во Босна и Херцеговина“.
Туристичката организација на Коњиќ објави дека повеќе од 10.000 познавачи на современата уметност го посетија Биеналето.

Сите посети беа организирани однапред и најавени кај Министерството за одбрана.

На посетителите им треба најмалку неколку часа за да го видат самиот бункер. Ако некој сака да ги види сите уметнички дела детално на 20.000 квадратни метри изложбен простор, му треба цел ден“, велат властите.
И покрај очекувањата за голем интерес, јавноста реагираше со многу поголем ентузијазам од она што некој го предвиде.

Во Европа веќе некое време се одвива процес во кој воените објекти се деконтаминираат со култура, така што ние одлучивме да го сториме истото и со оваа градба“, рече директорот на Центарот за културна деконтаминација, Борк Рудиќ.

Уметници од целиот свет ја оживеаја оваа мртва градба, што беше нашата намера уште од самиот почеток. Успеавме во нашата желба истата да биде подобро користена од она што било првичната намена“, рече за SETimes уметничкиот селектор на Биеналето и експерт по историја на уметност, Петар Чурковиќ.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »