Петар Печков
Објавено: понеделник, 20 јуни 2022
Соседите од срушената зграда на Работничкиот универзитет, стравуваат по нивниот имот. Велат дека не се сигурни дали нивите домови може да ги снајде тоа што му се случи на паданиот објект.
„Пет дена пред да се случи рушењето на зградата, се црпеше вода од темелите на куќата која се гради. Комшијата отишол предлабоко и поради тоа е под нивото на реката Вардар, која е во близина и постојано имаше вода. Стравуваме за нашите домови, дали и колку се тие безбедни “ - велат соседите.
Инвеститорот на зградата која се гради не сака да зборува за инцидентот со кој се сруши Работничкиот универзитет.
На таблата која е задолжителна при изградба на било какво објект, пишува дека имаат одобрение за градба кое е добиено од Општина Велес на 11 март годинава.
Неколкуте институции кои работеа во зградата на Работички универзитет, сега не можат да ја вршат дејноста.
На поставеното прашање од ОЈО Велес, од таму одговорија дека е оформен предмет за овој настан и дека ќе се преземат дејствија за да се види дали има евентуална одговорност на некого во случајот.
ТрМр го констатираше изведувачот „Бени Амар инжинеринг“.
„Ние како фирма не сме вршеле никакви градежни зафати. Тоа што се работело е самоиницијативно на инвеститорот, кој ангажирал машини од Скопје.Како фирма единствено ја поставиме оградата“ - кажаа од градежната фирма.
Надзорен орган за изведбата бил градежниот инженер Коста Јанев.
„Јас денес, понеделник, го потпишав договорот со надзор со инвеститорот. Пред тоа договаравме, но немавме ништо на хартија, така што не сум бил ангажирам за да можам да вршам контрола какао се работи“ - изјави Јанев за ТрМр.
Зградата на Работничкиот универзитет е стара еден век, зградена околу 1920-та година. Таа ги преживеела бомбардирањата на Германците во април 1941, за да потоа биде нивен штаб се до есента 1944. А останала недопрена и сојузничките бомбардирање во пролетта 1944-та, но и при гранатирањето за ослободувањето на Велес во ноември 1944.
Tweet |