речник контакт

ОК Борец загуби во дербито во гости од ОК Работнички

Порази за двете велешки женски одбојкарски екипи

Петар Печков

Одбојкарите на ГОК Борец забележаа убедлив пораз во дербито на колото со ОК Работнички, играно во Скопје. По сетови 13:25/22:25/20:25. Велешани не успеаја да  се спротивстават на подобриот противник и загубија со максимален резултат. Скопјани ги водеше велешанецот Јованче Манасков, кој со неговата екипа ги порази велешани. Ова беше натпревар од второто коло, кое останатите екипи го играат викендов. 

Се одигра и четвртото коло од Втората одбојкарска лига и двете велешки екипи забележаа порази. ЖОК Борец загуби во струмичко Ново Село од истоимениот тим со 1:3 а ОК Виола волеј дома од ОК Вардар со 0:3. Во следното коло гостуваат во Скопје на ОК Шкупи.   

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »