Петар Печков
Објавено: четврток, 19 март 2026
Ждрепката одлучи во полуфиналето на одбојкарскиот Куп велешки ОК Борец да игра со ОК Работнички Скопје. Ќе се игра на 27 март, следниот петок во Скопје во салата Јане Сандански. Во првото полуфинале ќе играат ланскиот освојувач ОК Штип УГД и ланскиот првак ОК Струмица. Победниците ќе играат во финалето закажано за 28 март, сабота од 19,30ч.
Велешки ОК Борец беше учесник и минатата година во полуфиналето а во 2024 година беше и финалист. И двата натпревари ги загуби од ОК Струмица. Велешани се освојувачи на Купот далечната 1995 година кога ОК Борец Универзал промет победи на турнирот организиран во Велес, во салата 25 мај.
Натпреварите ќе ги пренесува МРТВ на спортскиот канал.
| Tweet |




