речник контакт

ОК Борец со победа се пласираа во финалето за првак во лигата за ветерани

ОК Борец – ОК Скопје 2:0

Петар Печков


Одбојкарите на Борец ветерани ќе ја бранат титулата првак на лигата, која ја освоија лани. Тие со денешната победа од 2:0  (17;17) над амбициозната екипа на ОК Скопје се пласираа во финалето.

Полуфиналната средба мина во знак на велешани, на Тодор Стојанов и Благој Гинов, кои  беа нерешливи за гостите. Натпреварот се играше во спортската сала на ОУ Блаже Конески.

ОК Борец ветерани како второпласирани играа против третопласираниот ОК Скопје  а вториот натпревар помеѓу првопласираниот и четвртопласираниот ОК Тетово и ОК Шкендија, ветерани ќе се игра в среда во Тетово.

Наредниот викенд таму ќе се игра и финалето. За потсетување лански првак се ветераните на ОК Борец. Лигата се игра во рамките на натпреварите на Одбојкарската федерација на Македонија.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »