Петар Печков
Објавено: четврток, 27 јули 2017
Во партиската реакција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Велес по разрешувањето на Јордан Витанов, директор на велешкиот театар пишува:
Разрешувањето на Јордан Витанов од позицијата директор на Народниот театар ЈХК Џинот е класичен пример на брутален партиски реваншизам на владата предводена од СДСМ. Разрешувањето на Витанов нема ниту една издржана причина и ниту едно издржано образложение. Прашуваме, му пречат ли на СДСМ врвни професионалци и уметници во културните институции? Му пречи ли на СДСМ Јордан Витанов затоа што тој е долгогодишен и докажан уметник? Му пречи ли на СДСМ Витанов затоа што во време на неговиот мандат како директор на театарот се изгради новата театарска зграда? Им пречи ли на СДСМ Витанов затоа што во неговиот мандат тој се избори театарот да вработи млади актери и други уметници со што на долг рок се зајакна кадровиот потенцијал на оваа наша институција со која цел град се гордее? Им пречеше ли на СДСМ ангажманот на Јордан Витанов за првпат во нашиот град да донесе Балет и Филхармонија кои настапија во новата театарска зграда?
Витанов неговата смена за некои македонски медиуми кажа дека е ,, поради ненаменско трошење на пари, и дека немало инспекција во институцијата, туку дека самиот ја пријавил таа неправилност во своето работење,, Тој вели дека ваквите смени се нормални.
„Доаѓа нова политика, поставува кадри за кои смета дека ќе ја вршат работата подобро од претходните“, изјавил Витанов.
Tweet |